29 November, 2013

ПУДИНГ КОЦКИ

 Потребно:

-600 гр. плазма кекси
-2 мали кутии јафа кекс
-2 кесички пудинг од чоколадо
-2 кесички пудинг од ванила
-1,8 л. млеко за пудинзите
-2 кесички шлаг пена
-1 чоколадо за готвење
 
Подготовка:

Подлабоко плехче или правоаголна тава бр. 40 се покрива со плазма кекси натопени во млеко. Пудинзите од чоколадо се подготвуваат според упатството на кесичката и се варат во 900мл. млеко. Пред крајот му се додава чоколадо за готвење и се остава да се стопи. Дури е топло се прелива преку бисквитите , а врз пудингот се редат јафа кесите . Пудинзите од ванила се варат во преостанатото млеко и топло се прелива преку јафа кексите. Врз пудингот од ванила повторно се редат плазма кекси натопени во млеко и се остава колачот да се излади. На крај се премачкува со шлаг пена.










27 November, 2013

КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА

Потребно:

-4 јајца
-6 големи рендани јаболка
-2 шоли пченичен гриз
-2 шоли млеко
-2 шоли мелени ореви
-1 шола масло
-2 шоли шеќер
-4 лажици брашно
-100 гр. суво грозје натопено во рум
-2 кесички ванилин шеќер
-2 кесички прашак за пециво


Г
лазура:

-200 гр. чоколадо за готвење
-100 гр. маргарин


Подготовка:

Јајцата пенесто се бијат со шеќерот во густа смеса , се намалува брзината на миксерот и се додаваат другите состојки. Јаболката се додаваат последни и благо се мешаат со лажица. Смесата се истура во длабок плех од шпоретот намачкан со масло и наросен со брашно. Се печи на Т од 180 степени околу 30 мин. Колачот се остава да олади и се премачкува со глазура.

23 November, 2013

КОСТЕНИ

Потребно:

-200 гр. мелени бисквити
-200 гр. шеќер во прав
-200 гр. мелени ореви
-200 гр. маргарин
-200 гр. путер од кикири
-2  чоколада за готвење

Подготовка:

Бисквитите , шеќерот , оревите , маргаринот и путерот од кикири се мешаат и се месат со рака. Се прават топчиња со големина на орев и се оставаат во фрижидер да се стегнат. Чоколадата се топат на пареа со 2-3 лажици масло. Секое топче се боцка со чечкалица и се брцка во стопеното чоколадо, но не целосно, се остава  на врвот бело капаче да личи на костен. Готовите костени се оставаат во фрижидер да се стегни чоколадото.

22 November, 2013

ЛЕЊА ПИТА СО ВИШНИ



Тесто:

-400 гр. брашно
-4 жолчки
-250 гр. маргарин
-неполна шола шеќер
-1 кесичка парашак за пециво
-2 кесички ванилин шеќер

Фил:

-4 белки
-200 гр. шеќер
-300 гр. вишни исчистени од семките и исцедени
-100 гр. сецкани ореви
-малку шеќер за посипување на вишните

Подготовка:

Жолчките се миксаат со шеќерот , се додава маргаринот , брашното , пецивото , ванилите и се замесува тесто. Тестото се дели на два дела. Едниот дел се плеска на плехчето , а другиот се става во замрзнувач да замрзни. Над тестото во плехот се редат исцедените вишни , се ставаат сецканите ореви и се посипуваат со малку шеќер. Замрзнатото тесто се вади од фрижидер и половина се ренда врз вишните и оревите. Четирите белки се миксаат со шеќерот во цврст снег и се нанесуваат над ренданото тесто , а врз белките се ренда преостанатиот дел од замрзнатото тесто . Се печи на Т од 180 степени додека порумени. Јас користев правоаголна тава бр. 32

КОЦКИ CO ПОРТОКАЛ И РУМ






Бисквит:

-300 гр. брашно
-2 кесички пудинг од ванила
-1 кесичка прашок за пециво
-3-4 портокали
-100 мл. сок од портокал
-4 кафени лажички рендана кора од портокал
-5 јајца
-200 гр. шеќер
-200 мл. јогурт со 1% масленост
-200 мл. масло

Брашното , прашакот за пудинг и пецивото се мешаат заедно. Јајцата се миксаат со шеќерот додека згуснат и постепено се додава јогуртот , сокот од портокал , маслото и кората од портокал. На крајот се додаваат сувите состојки и се мати со најмалата брзина на миксерот.
Смесата се печи во правоаголна тава бр.40 на Т од 180 степени околу 20-25 минути.

Прелив:

-300 мл. сок од портокал
-100 гр. шеќер
-рум

Додека се печи бисквитот се подготвува сирупот и топол се прелива преку топлиот бисквит.

Фил:

-500 мл.слатка павлака
-200 гр. чоколадо за готвење

Павлаката се микса додека се добие цврст шлаг и се додава 150 гр. рендано шоколадо. Се нанесува врз оладениот бисквит и се посипува со 50 гр. рендано чоколадо.




Оргиналниот рецепт ќе го најдете на линкот:
http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/kocke-od-narance-i-ruma-60 

20 November, 2013

ТОРТА "BLUE ANGEL"





Бисквит:

-10 белки
-10 лажици шеќер
-2 кесички прашак за пудинг од шумско овошје
-100 гр. сецкани ореви
-200 гр. чоколадо за готвење

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег , се додава прашакот за пудинг и се меша со дрвена лажица. Плехот од шпоретот се прекрива со хартија за печење и се посипува со сецканите ореви , а над нив се става предходно изматената смеса. Се печи на Т од 180 степени околу 20 мин.Кога бисквитот ќе олади се сечи надолжно на три ленти кои се премачкуваат со стопено чоколадо од страната на оревите.

Крем I :

-10 жолчки
-200 гр. шеќер во прав
-200 гр. маргарин
-80 гр. мелени плазма бисквити

Жолчките се миксаат со шеќерот на пареа  додека згуснат. Се оставаат да оладат и се додава маргаринот и мелените плазма бисквити.

Крем II :

-250 мл. слатка павлака изматена во цврст шлаг

Се филова : кора , жолт крем , шлаг и така сите кори. Одозгора се премачкува по желба  : шлаг крем или шлаг пена.




18 November, 2013

АРАБИЈА ТОРТА

 Тесто:

-10 белки
-10 лажици шеќер
-4 лажици брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-100 гр. сецкани ореви
-150 гр. сецкани урми
-150 гр. сецкани смокви
-150 гр. бело суво грозје

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег , се додаваат останатите состојки и се мешаат полека со дрвена лажица. Се печи во плех од шпорет на хартија на Т од 180 степени околу 20 мин. Кога ќе олади се сечи на три ленти.

Крем:

-10 жолчки
-200 гр. шеќер во прав
-екстрат од ванила
-2 чоколада за готвење
-250 гр. маргарин

Жолчките , шеќерот и ванилаат се миксаат и се варат на пареа. Кога ќе се постигни потребната густина се додава чоколадото искршено на коцки и се меша додека се растопи. Кога кремот ќе олади се додава маргаринот и се филова тортата.

17 November, 2013

ТОРТА КАРАЏОРЏЕВА






I  дел:

-10 белки се бијат во цврст снег со 300 гр. шеќер , се додаваат 300 гр. сецкани ореви , 3 лажици брашно и  1 пакетче прашак за пециво. Се меша со дрвена лажица и се печи во плех обложен со хартија на  Т 180 степени околу 15-20 мин.

II  дел:

-10 лажици шеќер се топат додека не се добие карамел. Се истура на плехче обложено со мрсна хартија и се остава да олади. Потоа се толчи во ситен прав и се посипува врз печените белки.

III  дел:

-2 пртокали се цедат  и со сокот се прска грилијажот и тестото.

IV  дел:

-2 јајца се бијат со 2 лажици шеќер и се варат на пареа. 125гр. маргарин се бие и се додава во смесата. Потота на пареа се топат  2 чоколада за готвење и  и се додаваат во кремот.

V  дел:

-10 жолчки , 10 лажици шеќер и 2 кесички ванила се бијат и се варат на пареа. 250 гр. маргарин пенесто се бие , му се додава на жолчките и се нанесува врз чоколадниот дел. Се сечат 3 ленти и се редат една врз друга. Целата торта се премачкува со 2 кесички шлаг крем од чоколадо.

15 November, 2013

ЛИСНАТИЦИ СО ЈОГУРТ


Потребно:

-1 коцка пресен квасец
-1 кесичка прашак за пециво
-3 јајца
-200 мл. јогурт
-1 кг. брашно
-2 лажици сол
-250 гр. маргарин за премачкување

Квасецот се зафаќа со топла вода, малку шеќер , брашно и се остава да надојди. Се замесува тесто , убаво се измесува и се дели на четири дела. Секој дел се расукува , се премачкува со маргарин и се пакува како за лиснато тесто и се остава во фрижидер. Потоа од секој дел се расукува кора , се вадат форми по желба , се премачкуваат со јајце и посипуваат со сусам и афион. Се оставаат да надојдат и се печат на Т од 200 степени додека поруменат.

14 November, 2013

ЛАМБАДА КОЛАЧ






Бисквит:

-6 јајца
-150 гр. шеќер
-150 гр. брашно
-1/2 пакетче прашак за пециво

 Белките се одвојуваат од жолчките и се миксаат со шеќерот во цврст снег , потоа постепено се додаваат жолчките една по една . Брашното се меша со прашакот за пециво , се додава во смесата и полека се меша со дрвена лажица. Се печи во плехот од шпоретот на Т од 180 степени околу 15 мин.

Жолт крем:

-1 л. сок од портокал (или 4 дл. сируп за растворање од портокал и 6 дл. вода)
-3 кесички пудинг од ванила
-7 лажици шеќер
-300 гр. кекси petit beure


Во сокот од портокал се варат пудинзите од ванила и шеќерот и топло се прелива  преку топлиот бисквит . Преку жолтиот крем се редат кексите.

Бел крем: 

-12 лажици брашно
-12 лажици шеќер
-1 л. млеко
-250 гр. маргарин

Брашното , шеќерот и млекото се варат во крем и кога ќе олади му се додава 250гр. маргарин , убаво се соединува и се премачкува врз кексите.

Глазура:

-200 гр. чоколадо за готвење
-200 гр. маргарин

Со глазурата се премачкува колачот и се украсува со рендано чоколадо.


13 November, 2013

ПИТА СО ТИКВА


За тесто:

-250 гр. маргарин
-1 шола шеќер
-2 јајца
-4 шоли  брашно
-1 прашак за пециво

Јајцата се миксаат со шеќерот и му се додава маргаринот. Откако убаво ќе се измати се додава брашното и се замесува со рака. Се дели на два дела и се остава неколку часа во фрижидер.

За фил од тиква:

-500 гр. тиква
-200 гр. мелени плазма бисквити
-3 јајца
-100 мл. слатка павлака
-100 гр. шеќер
-зачини: карафилче, цимет и арома од бадем

Тиквата се вари , се пасира и се додаваат зачините. Јајцата се миксаат си шеќерот и заедно со  останатите состојки се додаваат во тиквата и убаво се соединува смесата.
Едниот дел од тестото се вади од фрижидер и се распоредува во правоаголна тава бр. 40 предходно премачкана со маргарин. Се нанесува филот од тиква и вториот дел од тестото се ренда над филот. Се печи на Т од 200 степени додека порумени.

12 November, 2013

БУРЕК КОЦКИ






Потребно:

-500 гр. кори за пита
-400 гр. мелено месо
-2 главици кромид
-200 мл. минерална вода
-200 мл. јогурт
-100 мл. масло за јадење
-2 јаца
-сол , црн бибер , зачини по вкус

Подготовка:

Кромидот ситно се сецка , се зпржува во масло , се додава меленото месо , зачините и се се запржува заедно.
Корите се делат на три дела и првиот дел се реди во тава бр. 40 намачкана предходно со масло.
Врз нив се нанесува една половина од смесата со месото и се покрива со втората половина од корите. Се распоредува и преостанатиот дел од смесата со месо и се прекрива со последниот дел од корите. Се сечи на коцки и се потурува со смеса од вода , јогурт и масло за јадење. Се остава да ја впие течноста и се печи на Т од 200 степени . Пред крај се премачкува со две матени јајца и повторно се враќа во рерна и се допеква додека порумени.

11 November, 2013

ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА







Потребно:

-500 гр. кори за баклава
-300 гр. чоколадо рендано
-300 гр. ореви или лешници мелени
-250 гр. маргарин
-800 гр. шеќер
-1 л. вода

Чоколадото се ренда и се меша со мелените лешници. Во зависност од дебелината на корите се земаат три или четири , секоја се посипува со смесата од чоколадо и лешници и се витка во ролат . Така се виткаат сите кори и се редат во плехот од шпоретот. Се сечат на парчиња и се премачкуваат со 250 гр. стопен маргарин. Се печат на Т од 200 степени додека поруменат  и топли се потурваат со шебет од 800 гр. шеќер и литар вода.

09 November, 2013

ТУРСКИ ПОГАЧИЦИ






Потребно:

-200 мл. јогурт
-200 мл. млеко
-200 мл. кисела павлака
-200 мл. масло
-2 лажици шеќер
-2 лажици сол
-3 жолчки
-1 јајце
-1 коцка пресен квасец
-1 кесичка прашак за пециво
-1.200 гр. брашно тип 400
-125 гр. маргарин за премачкување
-сусам

Фил:

-300 гр. сирење
-1 јајце
 Млекото , павлаката и јогуртот се замлачуваат во подлабок сад , му се додава квасецот , шеќерот и осум лажици брашно и се остава да надојди. Во друг поголем се мешаат останатите состојки освен маргаринот и сусамот. Се додава надојдениот квасец. Се замесува тесто и се остава на топло да нарасни , се премесува и пак се остава да скисни. Потоа се кинат мали парчиња и се развлекуваат по должина и се сечат на ленти преку целата должина. Се топи маргаринот и се премачкуваат , на едниот крај се става од филот и малку дијагонално се замотува како ролат , а потоа како полжавче. Погачиците се премачкуваат со јајце и сусам и се оставаат да нараснат. Се печат на Т од 200 степени околу 25 минути.

ПОСНИ СОЛЕНИ КОЛАЧИ

 Посни солени мафини  I





-200 гр. пченкарно брашно

-200 гр. пченично брашно (бело)
-300 мл. млака кисела вода
-100 гр. стопен маргарин
-1 страк праз ситно сецкан и динстан
-120 гр. сецкани маслинки
-1 прашак за пециво
-сода бикарбона (  на врвот од лажичката )
-сол по вкус
Состојките се мешаат и се печат во силиконски калапи. Се украсуваат пожелба.






05 November, 2013

PIZZA ПОЛЖАВЧИЊА



За тесто:
-750 гр. брашно
-200 мл. млеко
-200 мл. јогурт
-1 лажичка шеќер
-1 свеж квасец
-100 мл. масло
-1 јајце
-1 лажичка сол
-сусам
 Во помал сад се соединуваат млакото млеко, шеќерот, квасецот и две лажици брашно. Добро се промешува и се остава да надојди.
Во друг сад се соединува половина од брашното, останатите состојки и надојдениот квасец. Се замесува тесто и постепено се додава преостанатото брашно. Измесеното тесто се остава на топло да надојди.
За фил:
-200 гр. сецкана шунка
-200 гр. рендан кашкавал
-300 мл. кечап
-оригано
-100 гр. маргарин
-1 жолчка
Кашкавалот се ренда на крупното ренде , а шунката се сецка .Маргаринот и жочката пенесто се матат. Надојденото тесто се дели на два дела. Од секој дел се сучи правоаголна кора со
дебелина од 5 мм. и се премачкува со смесата од жолчка и маргарин. Потоа се премачкува со кечап , се посипува со шунка , кашкавал и оригано и се витка во ролат. Со остар нож се сечат парчиња со дебелина од 1 см. и се редат на плех обложен со хартија. Одозгора се премачкуваат со јајце и се посипуваат со сусам. Се печат на 200 C околу 15 мин.

03 November, 2013

РАФАЕЛО КОЦКИ

Бисквит:

-320 гр. брашно
-150 гр. шеќер
-100 гр. маргарин
-2 жолчки
-2 лажици какао
-1/2 пакетче прашак за пециво
-1/2 кисела павлака
-6 белки
-150 гр. кокос
-150 гр. шеќер
Во сад  го ставаме брашното, маргаринот, жолчките, какаото, пецивото и павлаката и замесуваме тесто. Го делиме на два дела и правиме кора колку тава бр. 40. Ја мачкаме со масло и ја ставаме првата кора. Белките добро ги матиме во цврст снег со шеќерот и постепено го додаваме кокосот. Смесата ја истураме врз кората во тавата. Од останатото тесто развлекуваме уште една кора и ја ставаме врз белките. Се печи на температура од 180 C околу 20 мин.

Крем:

-4 жолчки
-2 кесички пудинг од ванила
-650 мл.млеко
-150 гр. маргарин
-100 гр.шеќер
-200 гр. чоколадо
Жолчките пенесто се миксаат со шеќерот и се додаваат пудинзите и малку од млекото. Останатото млеко се вари и се додаваат жолчките и се варат додека згусни. Се остава да излади и се додава маргаринот. Над оладените кори се става кремот и се прелива со глазура од две стопени чоколада.