22 December, 2013

КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ГРИЗ





Потребно:

-1 шола пченичен гриз
-200 мл. млеко
-3 јаболка средна големина
-1 јајце
-1 шола шеќер
-1/2 шола масло
-1/2 шола млеко
-3 лажици какао
-1 лажица брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-100 гр. мелени ореви
-1/2 чаша немелен мак

Прелив:

-150 гр. чоколадо
-6 лажици млеко
-60 гр. маргарин
-60 гр. шеќер

Подготовка:

Пченичниот гриз се прелива со ладно млеко и се остава да одстои половина час. Јаболката се чистат и рендаат. Белката се двои од жолчката , посебно се мати па се додава жолчката , шеќерот , маслото , млекото и се се соединува. Се додава какаото , брашното , пецивото , мелените ореви , макот и смесата од гриз и млеко. Се мати со миксер , се додаваат ренданите јаболка и благо се промешуваат со лажица. Плех со димензии 20x30 см. се премачкува и се излива смесата. Се печи на Т од 200 степени околу 25 - 30мин.
Состојките за прелив се ставаат на оган и се мешаат додека се стопат и соединат.
Колачот се прелива топол , се остава да се олади и стегни и се сечи по желба.





Оргиналниот рецепт ќе го најдете на следиот линк:
http://moje-grne.com/2013/11/29/kolac-od-jabuka-i-griza/

No comments:

Post a Comment