I дел:
-10 белки се бијат во цврст снег со 300 гр. шеќер , се додаваат 300 гр. сецкани ореви , 3 лажици брашно и 1 пакетче прашак за пециво. Се меша со дрвена лажица и се печи во плех обложен со хартија на Т 180 степени околу 15-20 мин.
II дел:
-10 лажици шеќер се топат додека не се добие карамел. Се истура на плехче обложено со мрсна хартија и се остава да олади. Потоа се толчи во ситен прав и се посипува врз печените белки.
III дел:
-2 пртокали се цедат и со сокот се прска грилијажот и тестото.
IV дел:
-2 јајца се бијат со 2 лажици шеќер и се варат на пареа. 125гр. маргарин се бие и се додава во смесата. Потота на пареа се топат 2 чоколада за готвење и и се додаваат во кремот.
V дел:
-10 жолчки , 10 лажици шеќер и 2 кесички ванила се бијат и се варат на пареа. 250 гр. маргарин пенесто се бие , му се додава на жолчките и се нанесува врз чоколадниот дел. Се сечат 3 ленти и се редат една врз друга. Целата торта се премачкува со 2 кесички шлаг крем од чоколадо.
No comments:
Post a Comment