09 November, 2013

ПОСНИ СОЛЕНИ КОЛАЧИ

 Посни солени мафини  I





-200 гр. пченкарно брашно

-200 гр. пченично брашно (бело)
-300 мл. млака кисела вода
-100 гр. стопен маргарин
-1 страк праз ситно сецкан и динстан
-120 гр. сецкани маслинки
-1 прашак за пециво
-сода бикарбона (  на врвот од лажичката )
-сол по вкус
Состојките се мешаат и се печат во силиконски калапи. Се украсуваат пожелба.








 Посни солени мафини  II



 3 мали шоли (од 120 гр.) пченично брашно
-3 мали шоли (од 120 гр.) пченкарно брашно
-4 мали шоли (од 120 гр.) кисела вода
-1 прашак за пециво
-1 лажичка сол 
-50 гр. печен сусам или ким

Фил: паштета од туна  или посна салата од ориз,кисели сецкани краставички, моркови и посен мајонез.

Смесата се печи во малечки калапи за мафини , одозгора се става сусам или ким.
Кога ке оладат се сечат, се мачкаат со фил и пак се составуваат.



 Посен ролат со лиснато тесто


-500 гр. свежи шампињони
-50 гр.ориз
-2 главици кромид
-половина лажица мешан зачин
-4 лажици соини трошки 
-масло за јадење
-сол , црн бибер
-500 гр. лиснато тесто
 Кромидот и печурките се пржат во масло , оризот се вари, а сојата се полива со врела вода и се остава да набабри. Содржината во тавата се посолува , се додаваат останатите состојки и се промешува. Лиснатото тесто се расвлекува во танка кора , се нанесува сместа и се витка во ролат. Ролатот се премачкува со смеса од сенф и вода и се печи ма 200 степени додека порумени. 







Солена торта со спанаќ




-100 мл.пиво
-100 мл. масло
-100 мл. кисела вода
-1 прашак за пециво 
-20 лажици брашно
-300 гр. сварен и сецкан спанаќ
-сол
Се мешаат состојките и се печи во плех од шпоретот обложен со мрсна хартија. Кога ќе олади се дели на два дела.

Фил:
-150 гр. варен ориз
-200 гр. посен мајонез
-4 кисели краставички сецкани 
-100 гр. маргарин
-малку лимонов сок
-50 гр. печен сусам
-зачини по вкус 
Одозгора се премачкува со посен мајонез и се украсува со рендан посен кашкавал.








Бомбици од туна




-2 варени компири
-100 гр. маргарин
-2 конзерви туна во парче
-сол
-100 гр. пржен сусам
Компирите се варат , се пасираат и додека се топли се додава маргаринот да се стопи. Туните се цедат од маслото и се соединиваат со компирите. Се прават бомбици и се прпелкаат во сусам .




No comments:

Post a Comment