Состојки:
-1/2 кг. брашно
-300 гр. шеќер
-300 мл. млеко
-18 лажици мармалад од црни сливи
-2 мали лажички сода бикарбона
-2 мали лажички цимет
-2 лажици мед
-400 гр. чоколадо за готвење
-150 гр. маргарин
Подготовка:
Се миксаат брашното , шеќерот , млекото ,10 лажици мармалад , содата циметот и медот. Смесата се преполовува и се турва во намастен плех од шпоретот. Малку се запекува и се премачкува со фил (на умерен оган се топат 200 гр. чоколадо за готвење и 8 лажици мармалад и се меша на оган додека смесата не стани хомогена). Над филот се распоредува и останатиот дел од смесата и се се допекува уште 15-20 мин на Т од 180 степени.
Откако колачот ќе олади се нанесува глазура од 200 гр чоколадо и 150 гр.маргарин.
No comments:
Post a Comment