12 December, 2013

ПЕСОК ТОРТА



Потребно:

-1,5 л. млеко
-2 пакетчиња прашак за пудинг од чоколадо
-4 пакетчиња прашак за пудинг од ванила
-150 гр. шеќер
-375 гр. маргарин
-3 кесички ванилин шеќер
-300 гр. мелени кекси
-300 гр. кокос
-300 гр. мелени ореви
-500 мл. слатка павлака


Подготовка:
 

Во 500 мл. млеко се варат две кесички прашак за пудинг од чоколдо со 50 гр. шеќер. Во врелиот пудинг се додаваат125 гр. маргарин , една кесичка ванилин шеќер и мелените кекси. Во 1 л. млеко се варат четири кесички прашак за пудинг од ванила со 100 гр. шеќер и дури е топло се меша 250 гр. маргарин. Се дели на два дела. Во едниот се додава една кесичка ванила и кокос , а во другиот дел една кесичка ванила и мелени ореви. Филовите се редат како што се подготвуваат: прво филот со кекси , па со кокос и одозгора филот со ореви. Целата торта се премачкува со слатка павлака.



No comments:

Post a Comment