15 December, 2013

РОЛНИЧКИ СО ГОТОВИ КОРИ

Потребно:

-500 гр. готови кори за пита
-350 мл. топло млеко
-1 кафена лажичка шеќер
-1 коцка пресен квасец
-3 јајца
-150 мл. масло
-5 лажици брашно
-1 кафена лажичка сол
-300 гр. сирење

Подготовка:

Млекото , квасецот , шеќерот и брашното се ставаат во подлабок сад да стасаат. Се додаваат јајцата и се матат со жица. Се додаваат и останатите состојки и повторно се меша со жица.
Се зема една кора , целосно се премачкува со смесата и се преклопува на половина . Повторно се премачкува , на долниот дел се става од сирењето , краевите малку се подсвиткуваат и се витка во ролничка. Така со сите кори.  Ролничките се редат во плех обложен со хартија и се печат на Т од 200 степени  додека поруменат.




No comments:

Post a Comment