Потребно:
-500 гр. кори за баклава
-300 гр. чоколадо рендано
-300 гр. ореви или лешници мелени
-250 гр. маргарин
-800 гр. шеќер
-1 л. вода
Чоколадото се ренда и се меша со мелените лешници. Во зависност од дебелината на корите се земаат три или четири , секоја се посипува со смесата од чоколадо и лешници и се витка во ролат . Така се виткаат сите кори и се редат во плехот од шпоретот. Се сечат на парчиња и се премачкуваат со 250 гр. стопен маргарин. Се печат на Т од 200 степени додека поруменат и топли се потурваат со шебет од 800 гр. шеќер и литар вода.
No comments:
Post a Comment