20 August, 2014

ОВОШЕН КОЛАЧ СО БОРОВИНКИ

Овошен колач со боровинки
Бисквит:

-3 јајца
-300 гр.шеќер
-200 гр. брашно
-200 мл. масло
-400 мл. млеко
-1 кесичка прашак за пециво
-1 кесичка ванила

Јајцата се миксаат со шеќерот и постепено се додаваат и останатите состојки. Се печи во правоаголна тава бр.40 премачкана со масло на Т од 180 степени. Смесата е потечна и му треба подолго време да се печи. Се проверува со чепкалка и штом  чепкалката излегува сува бисквитот е готов.

Прелив од боровинки:

-300 гр. боровинки
-10 лажици шеќер
-1 кесичка ванила

Боровинките се варат со шеќерот и ванилата додека се добие густ сируп. Се остава да се излади и се прелива врз изладениот бисквит.

Светол крем:

-3 кесички прашак за пудинг од шумско овошје
-12 лажици шеќер
-1 л.млеко
-125 гр. маргарин

Прашакот за пудинг се вари со млекото и шеќерот според упатството на кесичката, се покрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Кога ќе олади му се додава 125 гр.маргарин убаво се микса и се премачкува врз преливот од боровинки.

Чоколаден крем:

-200 гр. чоколадо за готвење
-200 мл.слатка павлака

Чоколадото и павлаката се згреваат на оган и се меша  додека се стопи чоколадото , но не смее смесата  да зоврие. Кога ќе излади смесата се става неколку часа во фрижидер и потоа се мати со најголема брзина со миксер додека се добие густ крем.
Чоколадниот крем се нанесува врз кремот од пудинг и колачот се остава во фрижидер добро да се излади. Се сечат коцки и се украсуваат со шлаг и боровинки.

24 June, 2014

ЧОКО ПЛАЗМА ТОРТА





Состојки за кори:

-10 јајца
-10 лажици шеќер
-8 лажици ореви
-4 лажици брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-500 мл. чоколадно млеко за корите

Се миксаат пет белки со пет лажици шеќер во цврст снег и постепено се додаваат пет жолчки една по една и убаво се миксаат. Се додаваат две лажици брашно помешано со половина пакетче прашак за пециво, четири лажици мелени ореви и полека се меша со дрвена лажица.
Се печи во правоаголна тава бр.40 обложена со хартија на Т од 200 степени. Се печи уште една ваква кора.

Фил:

-300 гр. шлаг во прав
-400 мл.млеко
-700 гр. кисела павлака
-250 гр. шеќер во прав
-300 гр. мелени плазма кекси

Шлагот се мати со ладното млеко додека се добие саканата густина. Киселата павлака, мелените плазма кекси и шеќерот во прав убаво се мешаат додека се добие мазен крем и се додаваат шест лажици од изматениот шлаг.
Првата кора се прелива со чоколадното млеко, се премачкува со половина од кремот со павлака,  а врз него се става половина од шлагот. Се поклопува со втората кора и се повторува целата постапка. Одозгора се украсува по желба.

















19 June, 2014

БУШАВОТО КАТЕ



Бисквит:

-5 жолчки
-5 лажици шеќер
-400 гр. брашно
-1 кесичка прашак за пециво
-250 гр. маргарин
-1 кесичка ванила

Фил:

-5 белки
-10 лажици шеќер
-150 гр. мелени ореви
-10 лажици џем од црни сливи
-100 гр. чоколадо за готвење
-1 лажичка цимет

Подготовка:

Жолчките се миксаат со шеќерот и ванилата додека се добие густа смеса. Се додаваат брашното помешано со прашакот за пециво и маргаринот исечен на ливчиња. Се замесува тесто и штом целосно се изедначи се остава да одмори во фрижидер половина  час. Потоа се дели на два дела. Едниот дел се распоредува во паравоаголна тава бр.40 премачкана со маргарин, а другиот дел се става во замрзнувач додека се подготвува филот.
Белките се миксаат со шеќерот додека се добие густ снег. Потоа полека се додаваат мелените ореви, џемот од сливи измешан со циметот и ренданото чоколадо. Се меша внимателно со дрвена лажица. Филот се нанесува врз тестото, а одозгора се ренда вториот дел од тестото што предходно го ставивме во замрзнувач и целосно се прекрива филот. Се печи во загреана рерна на 180 C додека порумени. Се остава да излади и пред служење се посипува со шеќер во прав.















06 June, 2014

ПИТА СО СПАНАЌ


Тесто:

-1 кг. брашно
-1 коцка квасец
-1 јајце
-1/2 л. млеко
-3 кафени шолички масло
-1 лажица сол
-1 мала лажичка шеќер

Квасецот се зафаќа со шеќерот, малку млеко, неколку лажици брашно и се остава да  надојди. Се замесува тесто и се дели на  четири дела. Секој дел се развлекува во танка правоаголна кора, се нанесува од филот и се витка во ролат. Се сечат парчиња со дебелина од 1,5 см. и се редат  скалесто во плех обложен со хартија за печење.


Се  мачкаат со жолчка и се посипуваат со сусам. Се остава малку да скисни и се печи на Т од 200 степени додека порумени. После печењето додека е врела во плехот се прелива со млеко
(една супена лажица на две ролатчиња).

Фил:

-2 јајца
-160 гр.маргарин
-1 кафена лажичка сол
-400 гр.рендано сирење
-1/2 кг.сецкан спанаќ

Се миксаат јајцата, маргаринот и солта  и се додава сецканиот спанаќ.














01 June, 2014

ГРЧКИ КОЦКИ


Бисквит:

-4 јајца
-100 гр.шеќер
-80 гр. кокос
-100 гр. мелени ореви
-150 мл. масло
-1 пакетче прашак за пециво
-150 гр. брашно

Пенесто се матат шеќерот и јајцата , се додаваат маслото, оревите , кокосот и убаво се изедначува смесата. На крајот се додава брашното измешано со прашакот за пециво.
Смесата се истура во правоаголна тава бр. 40 премачкана со масло и се печи во загреана рерна на  Т од 180 степени околу 20 минути. Додека е топло се прелива со сируп.

Сируп:

-200 гр. шеќер
-400 мл. вода
-1 кесичка ванила

Додека се печи бисквитот се подготвува сирупот . Печениот бисквит се боцка со вилушка и се прелива со топлиот сируп.

Крем:

-130 гр. шеќер
-800 мл. млеко
-2 кесички пудинг од ванила
-100 гр. маргарин
-3 кесички прашак за шлаг
 
Шеќерот се става во сад и се топи на тивок оган додека се добие светол карамел. Се прелива со 300 мл. млеко и се меша се додека се стопи и изедначи смесата. Кесичките со пудинг од ванила се раствораат во останатото млеко , се додаваат во смесата со карамел и се вари додека се добие густа смеса. Пред да се тргни од оган се додава 100 гр. маргарин и се меша додека се стопи.  Топлата смеса се прелива врз бисквитот и убаво се распоредува. Колачот се остава да олади.  Прашакот за шлаг се подготвува според упатсвото на кесичката и се нанесува врз ладниот колач. Одозгора се украсува со сецкани ореви.



22 May, 2014

КРЕМ КОЦКИ СО ЈАГОДИ



Бисквит:

-6 жолчки
-6 лажици шеќер
-6 лажици млеко
-6 ажици масло
-6 лажици брашно
-3 лажици какао
-1 пакетче прашак за пециво

Жолчките се миксаат со шеќерот и се додаваат млекото , маслото и на крајот брашното помешано со прашак за пециво и какаото. Се истура во намастена правоаголна тава бр. 40 и се печи во загреана рерна на Т од 180 степени околу 20 мин. Се вади од рерна и се остава да олади.

Крем:

-750 мл.млеко
-250 гр. шеќер
-3 кесички прашак за пудинг од јагода
-6 белки
-9 лажици шеќер
-1 кесичка ванила
-600 гр.јагоди
-3 кесички шлаг пена

Млекото се вари со шеќерот и пудинзите од јагода. Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег , се додаваат во жешкиот пудинг и се мати додека се соедини смесата. Се остава да олади и се додаваат 600 гр. сецкани јагоди. Кремот се се нанесува врз изладениот кекс , а одгоре се   премачкува со шлаг пена подготвена според упатството на кесичката.


15 May, 2014

КОКОС КОЦКИ


Кокос коцки


Тесто:

-4 јајца
-300 гр. шеќер
-1 шола млеко
-1 шола масло
-2 шоли брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-3 лажици какао

Се миксаат јајцата и шеќерот, а потоа матејќи со помала брзина се додаваат останатите состојки.  Половината од тестото се истура во правоаголна тава бр. 40 намачкана со масло и наросена со брашно. Се печи во загреана рерна на Т од 150 степени околу 20 мин. Потоа над печеното тесто се става филот , а над филот се истура втората половина  од кафеавото тесто и се допекува целосно уште 20 мин. на Т 150 степени.

Фил:

-1 л. млеко
-2 шоли шеќер
-10 лажици пченичен гриз
-200 гр. кокосово брашно

Додека се печи првиот дел од тестото се подготвува филот. Млекото се става да зоврие со шеќерот , се додава гризот и кокосовото брашно и се вари неколку минути додека згусни со постојано мешање. Се остава малку да олади и се нанесува врз печеното тесто.

Глазура:

-200 гр. чоколадо за готвење
-4 лажици масло
-малку кокосово брашно

Глазурата се нанесува врз оладениот колач и се посипува со кокосово брашно.

29 April, 2014

ТРИЛЕЧЕ




Состојки:

-175 гр. брашно
-100 гр. омекнат маргарин
-130 гр. шеќер
-5 јајца
-1 лажичка прашак за пециво
-1 лажичка екстрат од ванила
-малку сол

Прелив:

-250 мл. кондензовано млеко
-250 мл.слатка млечна павлака
-250 мл.обично полномасно млеко
-500 гр. течна карамела или шлаг ( за одозгора)


Подготовка:

Маргаринот пенесто се мати, се додаваат шеќерот , јајцата и ванилата.  Се мати со миксерот на најголема брзина додека не постане глатка и пенеста смеса. Се додава просеаното брашно со прашакот за пециво и малку сол. Се меша и се турва во намастен  и посипан со брашно плех со димензии 30x22см. Се печи во предходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. Се остава половина час да се олади.
Се меша кондезованото млеко, павлаката и обичното млеко , се прелива преку колачот и се остава преку ноќ во фрижидер да ја впие течноста. Се турва целата количина иако се чини дека е многу. Колачот треба да плива во млеко. Потоа се премачкува со карамела.

25 April, 2014

ДОМАШЕН КОЗИЊАК

Домашен козињак


Потребно:

-5 јајца
-250 гр. шеќер
-500 мл. млеко
-200 мл. масло
-кора  и сок од еден лимон
-1 кесичка мелен махлеб
-300 гр. суво грозје
-2 коцки пресен квасец
-100 мл. млеко ( за квасецот)
-брашно околу 1,5 кг.

Подготовка:

Квасецот се зафаќа со 100 мл. топло млеко, малку шеќер и неколку лажици брашно и се остава да надојди. Додека скиснува квасецот јајцата се миксаат пенесто со шеќерот па се додаваат млекото , маслото , махлебот, ренданата кора од лимон и неколку капки сок од лимон. Постепено се додава брашното и се мати со миксерот, а потоа се продолжува да се меси рачно. Тестото треба да биди многу меко така да не смее да се употреби повеќе од 1,5 кг. брашно.
Се остава на топло покриено со влажна крпа додека не го дуплира својот волумен. Потоа се премесува и се додава сувото грозје и се дели на четири дела. Сегој дел се дели на уште три  дела кои вретенесто се растегнуваат по должина и се плетат во плетенка. Се добиваат четири плетенки и се ставаат во правоаголни плехчинја и повторно се оставаат да киснат на топло. Бидејќи тестото е мнгу лепливо и тешко за работа ќе помогни доколку рацете ги премачкате со малку масло.
Плетенките се премачкуваат со јајце и се посипуваат со сусам. Се печат на Т 180 C околу еден час.  Пожелно е да се покријат со алуминиумска фолија и покриени да се печат.

22 April, 2014

ЕГИПЕТСКА ТОРТА

Египетска торта


Кори:

-7 белки
-7 лажици шеќер
-3 лажици брашно
-100 гр. мелени ореви
-1/2 пакетче прашак за пециво

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег. Се додаваат брашното промешано со прашакот за пециво и мелените ореви и полека се меша. Се печи во правоаголна тава бр. 40 обложена со хартија за печење на Т 180 степени околу 15 мин. На ист начин се печат две вакви кори и се сечат надолжно да се добијат четири ленти.

Фил I :

-14 жолчки
-20 лажици шеќер
-16 лажици брашно
-3 кесички ванилин шеќер
-1 л. млеко
-200 гр. маргарин

Жолчките пенесто се миксаат со шеќерот и ванилата и наизменично се додаваат брашното и 400 мл. млеко и убаво се соединува. Останатото млеко се става во сад на оган , се додава смесата од жолчки и се вари како крем.  Се трга настрана , се покрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Ладен кремот се соединува со 200 гр. маргарин.

Фил II :

-150 гр. шлаг во прав
-450 мл. изладено млеко (по потреба )
-200 гр. мелени ореви
-грилијаж

Шлагот во прав се мати со млекото (подобро е да биди погуст) и се додаваат мелените ореви и грилијаж.

Грилијаж:

-200 гр. шеќер

Шеќерот се топи на оган и штом ќе добие светло-кафеава боја се истура во плех обложен со хартија и се остава да се стврдни. Потоа се толчи или мели во машина за мелење ореви.

Се филова кора -I фил- II фил и така сите кори. За премачкување на тортата можи да се остави од I фил или да се премачка со шлаг крем од ванила.


18 April, 2014

ДОМАШНА ШТРУДЛА СО ОРЕВИ

Домашна штрудла со ореви
                           

Тесто:

-1 квасец
-1 лажица брашно
-1 лажица шеќер
-1/2 шола млеко
-125 гр. путер
-600 гр. брашно
-4 полни лажици шеќер
-3 жолчки
-1 јајцe
-екстрат од ванила
-4 лажици јогурт
-рендана кора од портокал
-прстофат сол


Квасецот се зафаќа со една лажица шеќер, пола шола млеко ,една лажица брашно и се остава да надојди. Путерот се дроби и се додаваат  400 гр. брашно,шеќерот, солта,ванилата и кората од портокалот. Се прави вдлабнатина на средината и се додаваат останатите состојки. Се замесува тесто и постепено се додава останатото брашно. Се остава на топло еден час да го зголеми волуменот. Потоа тестото се дели на два дела и секој дел се развлекува во кора со должина на плехот .Секоја кора целосно се премачкува со фил , се витка во ролат и се боцкаат ролатите на неколку места од страната да не пукаат во печењето.
Се печат 40 мин ,прво 20 мин. на 175 C, а потоа 20 мин. na 150 C.

Фил:


-500 гр. мелени ореви
-200 гр. суво грозје
-250 гр. шеќер
-200 мл. млеко
-екстрат од ванила
-рендана кора од портокал 


Мелените ореви се попарваат со млекото и се додаваат останатитте состојки.

11 April, 2014

КРЕМ КОЦКИ

Крем коцки


Бисквит:

-6 јајца
-6 лажици шеќер
-6 лажици ореви
-2 лажици какао
-2 лажици брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-250 мл. сок од портокал

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег и постепено се додаваат жолчките една по една. Брашното, какаото и прашакот за пециво се мешаат , се просејуваат и полека се додаваат  во смесата. На крајот се додаваат дробените ореви. Смесата се истура во плехче со димензии 25x35  и се печи на Т од 180 степени околу  20 мин. Откако ќе олади се потурва со 250 мл. сок од портокал.

Крем I :

-300 гр. мелени плазма кекси
-250 мл.сок од портокал
-100 гр. чоколадо за готвење
-125 гр.маргарин
-50 гр. шеќер во прав

Плазма кексите се преливаат со сок од портокал и се оставаат малку да ја впијат течноста. Маргаринот се микса со шеќерот во прав , се додаваат кексите, стопеното чоколадо и се микса додека се соедини смесата. Треба да се добие смеса што лесно ќе се мачка затоа слободно може да се дотури сок од портокал ако има потреба.

Крем II :

-250 гр. мелени ореви
-2 лажици шеќер
-100 мл. млеко
-125 гр. маргарин
-50 гр. шеќер во прав

Оревите најпрво се подпекуваа, се мелат и се попарваат со 100 мл. млеко засладено со две лажици шеќер. Кога ќе излади се соединува со маргаринот предходно изматен со шеќер во прав.

Крем III :

-750 мл. млеко
-3 кесички прашак за пудинг од ванила
-10 лажици шеќер
-200 гр. маргарин

Млекото се вари со шеќерот и прашакот за пудинг, се покрива со проѕирна фолија и кога ќе олади се соединува со маргаринот.


Крем IV :

-3 кесички шлаг пена
-млеко според упатството на кесичките


Кремите се премачкуваат над бисквитот по редоследот како се наведени.  Колачот се остава неколку часа во фрижидер да се излади и на крај се премачкува со шлаг пена.


30 March, 2014

ТРОЈНО ЗАДОВОЛСТВО

Тројно задоволство


Бисквит:

-6 белки
-200 гр.шеќер
-150 гр.сецкани ореви
-2 лажици мелени бисквити
-2 лажици брашно
-1/2 пакетче прашак за пециво

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег, брашното се меша со прашакот за пециво , се додава и полека се меша. На крајот се додаваат оревите и две лажици бисквити. Правоаголна тава бр.40 се обложува со хартија за печење и се печи на Т 180 степени околу 20 мин.

Крем:

-6 жолчки
-200 гр. шеќер
-3 пакетчиња прашак за пудинг од ванила
-1 л млеко
-200 гр. маргарин
-2 чоколада за готвење
-кекс Petit со какао

 Жолчките се миксаат со 100 гр. шеќер. Во нив се додаваат пудинзите и 300 мл. млеко. Остатокот од млекото со 100 гр. шеќер се ставаат на оган, па се додаваат пудинзите и жолчките и се вари додека згусни. Се остава да излади и се соединува со маргаринот. Кремот се дели на два дела. Во едниот дел се додава 200 гр. стопено чоколадо, а другиот останува жолт.

Бисквитот најпрво се премачкува со жолтиот крем, преку него се редат Petit кексите а над нив се става чоколадниот крем. Се украсува со чоколадни парченца.

26 March, 2014

ДУНАВСКИ БРАНОВИ


Бисквит:

-220 гр. шеќер
-300 гр. маргарин (собна температура)
-6 јајца
-220 гр. брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-2 1/2 лажици какао
-3 лажици млеко
-1 тегла компот од вишни
-10 лажици сок од вишни

Брашното и пецивото се просејуваат. Шеќерот и маргаринот пенесто се миксаат. Се додаваат јајцата едно по едно и после секое додавање се микса  околу една минута. На крајот се додаваат брашното и пецивото и убаво се соединува. Смесата се дели на два дела. Едниот дел се турва во плех (39х27 см.) птедходно премачкан со масло и посипен со брашно и се рамни. Во другиот дел се додаваат  млекото и какаото , со мала лажица  како парченца се нанесуваат врз белата смеса и полека се прекрива  целосно. Исцедените вишни се редат со оддалеченост од 1 см. во вид на редови. Се печи на  Т од 180 степени околу 30 мин. Се остава да излади и се прелива со сокот од вишните и тоа на делот каде што се вишните.

Крем:

-2 кесички пудинг од ванила
-2 лажици густин
-80 гр. шеќер
-1 л. млеко
-250 гр. маргарин

Млекото и шеќерот се варат со пудинзите и густинот, се прекрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Потоа се соединува со маргаринот. Колачот се премачкува со кремот и се остава неколку часа во фрижидер да се излади.

Глазура:

-150 гр. чоколадо за готвење
-50 мл. слатка павлака
-60 гр. шеќер
-25 гр. какао
-70 мл. вода

Состојките се топат на оган додека се соединат, се остава малку да излади и се прелива преку колачот.

26 February, 2014

ПЕЧЕНИ ПИРОШКИ





Потребно :                                                                                                                                
-1 кг. брашно
-1 коцка пресен квасец
-малку шеќер
-250 мл. млеко
-2 јајца
-250 гр.маргарин
-2 лажички сол
-3 -4 компири средна големина
-200 гр. сецкана шунка
-200 гр. сецкан кашкавал
-200 гр. кечап
-оригано
-сусам
-1 јајце за премачкување

Подготовка:

Компирите се варат, се лупат и се пасираат.  Квасецот се зафаќа со малку шеќер, млеко и три лажици брашно и се остава да надојди. Од брашното во садот за месење се ставаат 800 гр. а остатокот се трга на срана ако затреба. Се додаваат јацата , маргаринот, солта, надојдениот квасец, млекото и пирето од компирите. Се замесува тесто и се остава во фрижидер да одстои неколку часа. Во меѓувреме се сецкаат шунката и кашкавалот и се мешаат со кечапот и ориганото. Тестото се вади од фрижидер, повторно се премесува и се развлекува во кора со дебелина од 5 мм. Со чаша се сечат форми, се става од филот , се поклопуваат и се затвораат со вилушка. Се премачкуваат со јајце, се става сусам и се печат на Т од 200 степени додека  не поруменат.

24 February, 2014

МЕДЕНИ СРЦА



Поребно:

-600 гр. брашно
-3 јајца
-150 гр. шеќер
-150 гр. мед
-40 гр. маргарин
-1 кесичка прашак за пециво
-зачини (канела, морско оревче, каранфилче)
-рендана кора од портокал
-300 гр. чоколадо за готвење
-масло за јадење

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот полека со жица па се додава брашното, медот и маргаринот кој предходно го стопивме и оладивме. Се ренда кората од портокал, се додаваат зачините и се соединува. Се добива лепливо тесто кое се покрива со проѕирна фолија и се остава да одстои еден ден на собна температура. Одкако ќе одстои тестото се стврднува и лесно се развлекува во кора и се вадат саканите форми. Се печат на 200 степени околу 7-8 мин.
Откако ќе оладат се чоколадираат со глазура од 300 гр. чоколадо стопено со неколку лажици масло. 

18 February, 2014

КАПУЧИНО - ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ





 




Состојки:

-360 гр. брашно
-3 лажички прашак за  пециво
-400 гр. шеќер
-3 кесички капучино
-1 кесичка ванилин шеќер
-130 мл. млеко
-240 гр. маргарин
-4 јајца
-100 гр. рендано чоколадо

Состојки за кафеав дел:

-4 лажици какао
-3 лажици млеко
-50 гр. стопено чоколадо

Подготовка:

Во сад се ставаат состојките по ред како што се наведени. Маргаринот треба да е мек и се мати со миксер околу 5 мин. додека се изедначи смесата. Од добиената смеса настрана се одделуваат осум полни лажици. Настрана се топи чоколадото со какаото и млекото и се меша со смесата што предходно ја одделивме. Калапот за куглов или правоаголно долго плехче ( по желба) се премачкува со маргарин и се посипува со брашно. Најпрво се истура светлата смеса и преку неа се распоредува темната смеса и со лажица убаво се намакува да навлези во светлиот дел. Се печи околу 1 час на Т од 180 степени.



 Оргиналниот рецепт ќе го најдете на следнот линк:
http://www.maminajela.com/2012/06/kapucino-cokoladni-socni-kolac.html

17 February, 2014

ШВАРЦВАЛД КОЦКИ



Потребно:

-2 шоли јогурт
-1 1/2 шоли шеќер
-2 шоли брашно
-2 лажици какао
-1/2 шола масло
-2 лажички сода бикарбона
-350 гр. вишни
-1/2 шола сок од вишни
-700 мл. слатка павлака со 33% млечна маст
-200 гр. бело чоколадо
-100 гр. чоколадо за готвење

Подготовка:

Посебно се мешаат шеќерот јогуртот и маслото , а посебно брашното какаото и содата и убаво се соединуваат. Смесата се истура во правоаголна тава бр. 40 и се печи на Т од 180 степени околу 20 мин. Во меѓувреме слатката павлака се загрева , се додава белото чоколадо и се стопи со постојано мешање ( не смее смесата да проврие). Се остава да се излади по можност неколку часа во фрижидер. Потоа се микса со најголема брзина додека се добие цврст шлаг.
Изладеното тесто се полива со сокот од вишни и се распоредуваат вишните, а врз нив се нанесува изматениот шлаг. Се украсува со рендано чоколадо.

20 January, 2014

TOFFEE КОЦКИ



Бисквит:

-4 јајца
-2 шоли кафеав шеќер
-2 лажички екстрат од ванила
-1 шола масло
-1 шола млеко
-2 шоли брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-3/4 лажичка сол
(шолата е од 250 мл.)

Се миксаат јајцата и шеќерот , се додаваат останатите состојки и се мати додека се добие густа смеса. Се печи во правоаголна тава бр.40 на Т 180 степени околу 25-30 мин.  Откако ќе се извади од рерна се остава 5 мин. да олади и се прободува со дрвена лажица. Одосгора се прелива со фил.

Фил:

-15 лажици врела вода
-10 лажици кафеав шеќер
-1 лажичка екстрат од ванила
-230 гр. маргарин
-250 гр. чоколадо
-2 шоли мелени ореви

Се топат состојките на оган и на крај се додаваат мелените ореви. Се нанесува врз колачот полека со лажица. Одозгора се наросува со мелени опреви. Се остава на ладно да се стегни филот и се сечи на коцки.

10 January, 2014

ПОГАЧИЦИ СО ФИЛ ОД МЕЛЕНО МЕСО

 Потребно:

-1 кг. брашно
-1 коцка пресен квасец
-малку шеќер
-250 мл. млеко
-2 јајца
-250 гр.маргарин
-2 лажички сол
-3 -4 компири средна големина
-1 главица кромид
-400 гр. мелено месо
-мешан зачин
-црн пипер
-1 пакетче ким
-1 јајце за премачкување

Подготовка:

Компирите се варат, се лупат и се пасираат.  Квасецот се зафаќа со малку шеќер, млеко и три лажици брашно и се остава да надојди. Од брашното во садот за месење се ставаат 800 гр. а остатокот се трга на срана ако затреба. Се додаваат јацата , маргаринот, солта, надојдениот квасец, млекото и пирето од компирите. Се замесува тесто и се остава во фрижидер да одстои неколку часа. Во меѓувреме кромидот ситно се сецка , се запржува со месото и се додаваат зачините. Тестото се вади од фрижидер и се премесува. Се кинат мали парченца, се прават точиња и се развлекуваат. На средината се става од филот , се затвотаат и се редат на плех обложен со мрсна хартија. Се премачкуваат со јајце и се наросуваат со ким. Се печат на Т од 200 степени додека поруменат.