-5 жолчки
-5 лажици шеќер
-400 гр. брашно
-1 кесичка прашак за пециво
-250 гр. маргарин
-1 кесичка ванила
Фил:
-5 белки
-10 лажици шеќер
-150 гр. мелени ореви
-10 лажици џем од црни сливи
-100 гр. чоколадо за готвење
-1 лажичка цимет
Подготовка:
Жолчките се миксаат со шеќерот и ванилата додека се добие густа смеса. Се додаваат брашното помешано со прашакот за пециво и маргаринот исечен на ливчиња. Се замесува тесто и штом целосно се изедначи се остава да одмори во фрижидер половина час. Потоа се дели на два дела. Едниот дел се распоредува во паравоаголна тава бр.40 премачкана со маргарин, а другиот дел се става во замрзнувач додека се подготвува филот.
Белките се миксаат со шеќерот додека се добие густ снег. Потоа полека се додаваат мелените ореви, џемот од сливи измешан со циметот и ренданото чоколадо. Се меша внимателно со дрвена лажица. Филот се нанесува врз тестото, а одозгора се ренда вториот дел од тестото што предходно го ставивме во замрзнувач и целосно се прекрива филот. Се печи во загреана рерна на 180 C додека порумени. Се остава да излади и пред служење се посипува со шеќер во прав.
No comments:
Post a Comment