Потребно :
-1 кг. брашно-1 коцка пресен квасец
-малку шеќер
-250 мл. млеко
-2 јајца
-250 гр.маргарин
-2 лажички сол
-3 -4 компири средна големина
-200 гр. сецкана шунка
-200 гр. сецкан кашкавал
-200 гр. кечап
-оригано
-сусам
-1 јајце за премачкување
Подготовка:
Компирите се варат, се лупат и се пасираат. Квасецот се зафаќа со малку шеќер, млеко и три лажици брашно и се остава да надојди. Од брашното во садот за месење се ставаат 800 гр. а остатокот се трга на срана ако затреба. Се додаваат јацата , маргаринот, солта, надојдениот квасец, млекото и пирето од компирите. Се замесува тесто и се остава во фрижидер да одстои неколку часа. Во меѓувреме се сецкаат шунката и кашкавалот и се мешаат со кечапот и ориганото. Тестото се вади од фрижидер, повторно се премесува и се развлекува во кора со дебелина од 5 мм. Со чаша се сечат форми, се става од филот , се поклопуваат и се затвораат со вилушка. Се премачкуваат со јајце, се става сусам и се печат на Т од 200 степени додека не поруменат.
No comments:
Post a Comment