Домашен козињак |
Потребно:
-5 јајца
-250 гр. шеќер
-500 мл. млеко
-200 мл. масло
-кора и сок од еден лимон
-1 кесичка мелен махлеб
-300 гр. суво грозје
-2 коцки пресен квасец
-100 мл. млеко ( за квасецот)
-брашно околу 1,5 кг.
Подготовка:
Квасецот се зафаќа со 100 мл. топло млеко, малку шеќер и неколку лажици брашно и се остава да надојди. Додека скиснува квасецот јајцата се миксаат пенесто со шеќерот па се додаваат млекото , маслото , махлебот, ренданата кора од лимон и неколку капки сок од лимон. Постепено се додава брашното и се мати со миксерот, а потоа се продолжува да се меси рачно. Тестото треба да биди многу меко така да не смее да се употреби повеќе од 1,5 кг. брашно.
Се остава на топло покриено со влажна крпа додека не го дуплира својот волумен. Потоа се премесува и се додава сувото грозје и се дели на четири дела. Сегој дел се дели на уште три дела кои вретенесто се растегнуваат по должина и се плетат во плетенка. Се добиваат четири плетенки и се ставаат во правоаголни плехчинја и повторно се оставаат да киснат на топло. Бидејќи тестото е мнгу лепливо и тешко за работа ќе помогни доколку рацете ги премачкате со малку масло.
Плетенките се премачкуваат со јајце и се посипуваат со сусам. Се печат на Т 180 C околу еден час. Пожелно е да се покријат со алуминиумска фолија и покриени да се печат.
No comments:
Post a Comment