18 February, 2020

Здрав колач со рогач



Потребно

- 8 јајца
- 150 гр.фруктоза
- 6 јаболка
- 200 мл.млеко
- 300 мл.масло
- 300 гр.брашно
- 2 кесички прашак за пециво
- 250 гр.мелен рогач
- 100 гр.суво грозје
- арома рум
- арома ванила
- рендана кора од портокал

Глазура

- 200 гр.црно чоколадо
- 150 мл.кокосово масло
- 150 мл.млеко

Подготовка

Јајцата се миксаат со фруктозата додека згуснат и се додаваат останатите состојки и убаво се изедначува смесата. На крајот се додаваат ренданите јаболка и сувото грозје. Смесата се истура во намастен и набрашнет плех од шпоретот.
Се печи на Т 180 С околу 35 мин. Топло се прелива со чоколадна глазура.




01 February, 2016

FULL CHOCOLATE CAKE




Бисквит :

-9 јајца
-180 гр. шеќер
-160 гр. путер (маргарин)
-200 гр. темно чоколадо
-200 гр. пржени лешници
-50 гр. мелени бисквити
-4 големи лажици темно какао
-80 мл. рум
-2 мали лажички прашак за пециво
-1/2 лажичка цимет
-1/2 лажичка инстант кафе
-1 лажица екстрат од ванила

Крем :

-500 мл. слатка павлака
-200 гр. чоколадо со поголем  % на какао (60-70)
-2 големи лажици горко какао
-100 гр. Nutelle
-1/2 кесичка желатин во прав
-2 лажици рум

Прелив за бисквитот :

-околу 200 мл. млеко
-3 лажици рум
-1 лажица екстрат од ванила

Припрема :

1. Најпрво се подготвува кремот. Слатката павлака се загрева скоро до вриење , но не смее да зоврие. Се разматува какаото со малку павлака и се меша со топлата павлака да се поврзи. Се крши чоколадото и се меша со павлаката да се стопи. Половина кесичка желатин се полева со две лажици вода и се остава да се желира (10 мин.) потоа полека се загрева и се меша со смесата од чоколадо и павлака. Се остава во фрижидер да се стегни. Се вади од фриидер , му се додава нутела и рум и се микса додека не се добие густ крем.

2. Се пржат лешниците и се мелат. Кексот се дроби во прав. Чоколадото се топи со путерот на пареа.
Белките се одделуваат од жолчките . Белките со малку сол се миксаат во цврст снег. Жолчките се миксаат со шеќерот , се додава стопеното чоколадо со путерот , кексите, лешниците , пецивото , циметот , инстант кафето , румот и  се добро се меша. На крајот рачно се вмешуваат белките и се внимава да не спадни смесата.

3. Плехот се обложува со хртија за печење. Се печи на Т од 160 степени околу 40 мин. Не смее да се исуши премногу и затоа се проверува со дрвено стапче. Бисквитот треба да остани сочен и мек. Штом ќе олади се сечи на три ленти. Секоја лента се натопува со преливот , се премачкува со крем и се украсува по желба.











18 December, 2015

ПОСНА САЛАТА СО ТУНА



Потребно:

-500 гр. ситни макарони без јајца ( како тарана )
-5 компири средна големина
-3 конзерви туна во парчиња (од 185 гр.)
-250 гр. посен мајонез
-масло за јадење
-сол , црн бибер

Подготовка:

Макароните се варат , се цедат и се мијат со ладна вода . Компирите се варат  и се лупат . Додека сеуште се топли се миксираат со миксер и постепено му се додава масло за јадење се додека не се направи фина смеса со густина како мајонез .Туните се цедат од маслото и се додаваат на смесата.  Се додаваат изладените макарони , мајонезот, биберот и сол по вкус. Убаво се промешува.

КОЛАЧ МЕДЕНО СРЦЕ - ПОСЕН



Потребно:

-400 гр. брашно
-400 гр. шеќер
-400 мл. вода
-1 1/2 лажичка сода бикарбона
-2 лажици мед
-2 лажици какао
-зачин за меденјаци (каранфилче , морско оревче, цимет)
-мармалад од вишни

За глазура:

-200 гр. чоколадо за готвење
-60 гр. маргарин

Подготовка:

Водата и шеќерот се ставаат во сад и се промешуваат. Кога ќе се стопи шеќерот се додава брашното и полека се се меша со миксер убаво да се изедначи. Постепено се додаваат и останатите состојки. Плехот од шпоретот се намастува , се истура смесата , убаво се рапоредува и се печи на Т од 200 степени  околу 20 мин. додека поцрвени. Окако ќе олади се премачкува со мармалад од вишни или друг вкус по желба. Чоколадото се топи на пареа со маргаринот и се прелива преку целиот колач.

12 December, 2015

KINDER BUENO КОЦКИ


Бисквит:

-6 белки
-4 лажици брашно
-6 лажици шеќер
-100 гр.лешници
-200 гр. нутела
-плазма кекси

Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег , му се додава брашното и се меша со дрвена лажица. Тава бр. 40 се обложува со хартија за печење , се распоредуваат дробените лешници , а врз нив се распоредуваат белките. Се печи на Т од 180 степени околу 20 мин. Кога бисквитот ќе олади се премачкува со нутела и се редат плазма кексите.

Крем:

-1 л. млеко
-6 жолчки
-10 лажици шеќер
-3 кесички ванилин шеќер
-8 лажици густин
-1 кесичка пудинг од ванила
-200 гр. маргарин
-200 гр. чоколадо за готвење
-200 мл. слатка павлака

Млекото ( околу 800 мл. ) се става на оган . Останатото се микса со жолчките , ванилите , шеќерот , нишестето и пудингот и се вари  со млекото кое предходно го ставивме на оган.
Кога ќе излади му се додава маргаринот ,  убаво се микса , се дели на два дела и во едниот дел се додава стопеното чоколадо.
Бисквитот најпрво се премачкува со жолтиот крем, па со чоколадниот . Целиот бисквит се премачкува со слатка павлака и се украсува по желба.

05 December, 2015

ПОСНИ ТРИАГОЛНИЦИ



Потребно:

-500 гр. танки кори за пита
-500 гр. сецкани шампињони
-150 гр. ориз
- 2  главици  кромид
- 4 лажици соини трошки
-1/2 кесичка прашак за пециво
-1/2 лажица мешан зачин
-100 мл.кисела вода
- масло за јадење 
- сол , црн бибер

Подготовка:

Кромидот и печурките се пржат во масло , оризот се вари , а соините трошки се полеваат со врела вода и се оставаат да набабрат. Содржината во тавата ја посолуваме , ги додаваме зачините , биберот , пецивото, исцедените ориз и соја и добро промешуваме. Кората ја свиткуваме на половина , а потоа уште еднаш на половина за да добиеме долга лента. Премачкуваме со кисела вода и масло за јадење. Се нанесува од филот и се витка во форма на триаголник. Триаголниците се редат на плех обложен со хартија за печење , се попрскуваат со кисела вода и масло и се печат на Т од 200 степени додека поруменат.