Бисквит :
-9 јајца
-180 гр. шеќер
-160 гр. путер (маргарин)
-200 гр. темно чоколадо
-200 гр. пржени лешници
-50 гр. мелени бисквити
-4 големи лажици темно какао
-80 мл. рум
-2 мали лажички прашак за пециво
-1/2 лажичка цимет
-1/2 лажичка инстант кафе
-1 лажица екстрат од ванила
Крем :
-500 мл. слатка павлака
-200 гр. чоколадо со поголем % на какао (60-70)
-2 големи лажици горко какао
-100 гр. Nutelle
-1/2 кесичка желатин во прав
-2 лажици рум
Прелив за бисквитот :
-околу 200 мл. млеко
-3 лажици рум
-1 лажица екстрат од ванила
Припрема :
1. Најпрво се подготвува кремот. Слатката павлака се загрева скоро до вриење , но не смее да зоврие. Се разматува какаото со малку павлака и се меша со топлата павлака да се поврзи. Се крши чоколадото и се меша со павлаката да се стопи. Половина кесичка желатин се полева со две лажици вода и се остава да се желира (10 мин.) потоа полека се загрева и се меша со смесата од чоколадо и павлака. Се остава во фрижидер да се стегни. Се вади од фриидер , му се додава нутела и рум и се микса додека не се добие густ крем.
2. Се пржат лешниците и се мелат. Кексот се дроби во прав. Чоколадото се топи со путерот на пареа.
Белките се одделуваат од жолчките . Белките со малку сол се миксаат во цврст снег. Жолчките се миксаат со шеќерот , се додава стопеното чоколадо со путерот , кексите, лешниците , пецивото , циметот , инстант кафето , румот и се добро се меша. На крајот рачно се вмешуваат белките и се внимава да не спадни смесата.
3. Плехот се обложува со хртија за печење. Се печи на Т од 160 степени околу 40 мин. Не смее да се исуши премногу и затоа се проверува со дрвено стапче. Бисквитот треба да остани сочен и мек. Штом ќе олади се сечи на три ленти. Секоја лента се натопува со преливот , се премачкува со крем и се украсува по желба.
No comments:
Post a Comment