25 December, 2013

БОСАНСКИ ДЕСЕРТ


I тесто:



-6 јајца
-6 лажици шеќер
-150 гр. сецкани ореви
-4 лажици пченичен гриз
-3 лажици какао


II тесто:


-6 јајца
-6 лажици шеќер
-5 лажици пченичен гриз
-1 лажица брашно
-кора од портокал


Прелив:

-300 гр. шеќер
-1 л. вода
-сок од еден лимон


Глазура:


-150 гр. чоколадо за готвење
-80 гр. маргарин
-2 лажици масло
-2 лажици кисела павлака



Подготовка:

  Јајцата се миксаат со шеќерот и кога ќе се добие потребната густина се додаваат останатите состојки и се мешаат полека со дрвена лажица. Смесата се истура во предходно намастен плех од шпоретот и се печи на Т 200 степени околу 15 мин. Во меѓувреме се матат состојките за второто тесто, се вади колачот од шпоретот се прелива со втората смеса и се допекува целосно. Додека е сеуште топло се прелива со топлиот шербет и се остава да олади. На крај се става чоколадна глазура и се украсува со стопено бело чоколaдо.





 Оргиналниот рецепт ќе го најдете на линкот:
http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/bosanska-poslastica-234 

22 December, 2013

КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ГРИЗ





Потребно:

-1 шола пченичен гриз
-200 мл. млеко
-3 јаболка средна големина
-1 јајце
-1 шола шеќер
-1/2 шола масло
-1/2 шола млеко
-3 лажици какао
-1 лажица брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-100 гр. мелени ореви
-1/2 чаша немелен мак

Прелив:

-150 гр. чоколадо
-6 лажици млеко
-60 гр. маргарин
-60 гр. шеќер

Подготовка:

Пченичниот гриз се прелива со ладно млеко и се остава да одстои половина час. Јаболката се чистат и рендаат. Белката се двои од жолчката , посебно се мати па се додава жолчката , шеќерот , маслото , млекото и се се соединува. Се додава какаото , брашното , пецивото , мелените ореви , макот и смесата од гриз и млеко. Се мати со миксер , се додаваат ренданите јаболка и благо се промешуваат со лажица. Плех со димензии 20x30 см. се премачкува и се излива смесата. Се печи на Т од 200 степени околу 25 - 30мин.
Состојките за прелив се ставаат на оган и се мешаат додека се стопат и соединат.
Колачот се прелива топол , се остава да се олади и стегни и се сечи по желба.





Оргиналниот рецепт ќе го најдете на следиот линк:
http://moje-grne.com/2013/11/29/kolac-od-jabuka-i-griza/

19 December, 2013

ЧОКОЛАДНИ КАФЕ ШНИТИ




Бисквит:

-4 јајца
-200 гр. шеќер
-1 кесичка ванилин шеќер
-100 гр. брашно
-1 кесичка прашак за пециво
-10 гр. какао
-1 лажичка инстант кафе во прав
-100 мл. варено кафе


Јајцата се миксаат со шеќерот и ванилата додека не се добие густа смеса. Брашното , пецивото, какаото и инстант кафето се мешаат , се додаваат во смесата со јајца и се меша со дрвена лажица. Се печи во тава бр.40 предходно намачкана со масло на Т од 200 степени околу 15 мин. Се остава да олади и се попрскува со 100 мл. варено кафе.


Крем I:


-200 гр. чоколадо за готвење
-200 гр. Petit кекс
-100 мл. варено кафе
-20 мл. варено кафе
  Чоколадото се топи на пареа и му се додаваат дробените кекси и 100 мл. варено кафе, се мешаат и одма се нанесуваат врз печениот бисквит. Најдобро се нанесува со мала лажичка и голема која ја намакуваме во останатите 20 мл. кафе.


  Крем II:

 
-150 гр. чоколадо за готвење
-800 мл.слатка павлака
-80 гр. шеќер


Слатката павлака се мати со шеќерот и се дели на два дела. Во едниот дел се додава стопеното чоколадо и се нанесува врз слојот од бисквити. Над него се става белиот дел и се украсува по желба.




Оргиналниот рецепт ќе го најдете на линкот:

http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/cokoladne-kava-snite-12















15 December, 2013

РОЛНИЧКИ СО ГОТОВИ КОРИ

Потребно:

-500 гр. готови кори за пита
-350 мл. топло млеко
-1 кафена лажичка шеќер
-1 коцка пресен квасец
-3 јајца
-150 мл. масло
-5 лажици брашно
-1 кафена лажичка сол
-300 гр. сирење

Подготовка:

Млекото , квасецот , шеќерот и брашното се ставаат во подлабок сад да стасаат. Се додаваат јајцата и се матат со жица. Се додаваат и останатите состојки и повторно се меша со жица.
Се зема една кора , целосно се премачкува со смесата и се преклопува на половина . Повторно се премачкува , на долниот дел се става од сирењето , краевите малку се подсвиткуваат и се витка во ролничка. Така со сите кори.  Ролничките се редат во плех обложен со хартија и се печат на Т од 200 степени  додека поруменат.




12 December, 2013

ПЕСОК ТОРТА



Потребно:

-1,5 л. млеко
-2 пакетчиња прашак за пудинг од чоколадо
-4 пакетчиња прашак за пудинг од ванила
-150 гр. шеќер
-375 гр. маргарин
-3 кесички ванилин шеќер
-300 гр. мелени кекси
-300 гр. кокос
-300 гр. мелени ореви
-500 мл. слатка павлака


Подготовка:
 

Во 500 мл. млеко се варат две кесички прашак за пудинг од чоколдо со 50 гр. шеќер. Во врелиот пудинг се додаваат125 гр. маргарин , една кесичка ванилин шеќер и мелените кекси. Во 1 л. млеко се варат четири кесички прашак за пудинг од ванила со 100 гр. шеќер и дури е топло се меша 250 гр. маргарин. Се дели на два дела. Во едниот се додава една кесичка ванила и кокос , а во другиот дел една кесичка ванила и мелени ореви. Филовите се редат како што се подготвуваат: прво филот со кекси , па со кокос и одозгора филот со ореви. Целата торта се премачкува со слатка павлака.



09 December, 2013

КОЛАЧ "МЕДЕНО СРЦЕ"




Состојки:

-1/2 кг. брашно
-300 гр. шеќер
-300 мл. млеко
-18 лажици мармалад од црни сливи
-2 мали лажички сода бикарбона
-2 мали лажички цимет

-2 лажици мед
-400 гр. чоколадо за готвење

-150 гр. маргарин

Подготовка:


Се миксаат брашното ,  шеќерот , млекото ,10 лажици мармалад , содата циметот и медот. Смесата се преполовува и се турва во намастен плех од шпоретот. Малку се запекува и се премачкува со фил (на умерен оган се топат 200 гр. чоколадо за готвење и 8 лажици мармалад и се меша на оган додека смесата не стани хомогена). Над филот се распоредува и останатиот дел од смесата и се се допекува уште 15-20 мин на Т од 180 степени.
Откако колачот ќе олади се нанесува глазура од 200 гр чоколадо и 150 гр.маргарин.

06 December, 2013

РАЈСКИ КОЛАЧ



Крем: 

-250 гр. чоколадо за готвење
-200 чоколаден нугат крем
-750 мл. слатка павлака
-100 гр. сецкани лешници 


Павлаката се загрева на оган (но не смее да зоврие), се трга настрана и се додава чоколадото за готвење и нугат кремот. Се меша додека се соедини и се става во фрижидер да одстои неколку часа, а најдобро е да преноќи. Лешниците се дробат и пропржуваат. Во добро изладената крема се додаваат лешниците и се микса со миксерот додека се згусни.

Бисквит:


-4 јајца
-3 лажици ладна вода
-100 гр. шеќер
-75 гр. брашно
-15 гр. какао
-25 гр. густин
-1 кесичка прашак за пециво


Се двојат белките од жолчките. Белките се миксаат со водата и постепено се додава шеќерот.Потоа се додаваати жолчките една по една. Брашното , густинот , пецивото и какаото се мешаат и постепено се додаваат во белките и се меша со дрвена лажица

Се печи во правоаголна тава бр. 40 обложена со хартија на Т 185 степени околу 20 мин. Бисквитот се остава да олади и со конец се сечи хоризонталано да се добијат две теста.
Се премачкуваат со кремот и се се украсува со рендано чоколадо или чоколадни трошки.




Оргиналниот рецепт ќе го најдете на следниот линк:
http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/rajski-kolac-37 

05 December, 2013

РЕСАНА ТОРТА





Потребно:


-1кг.ресани 









-200 мл.млеко
-250 гр. маргарин
-100 гр. сецкани ореви
-2 кесички шлаг крем од чоколадо
-100 гр. чоколадо за готвење



Подготовка:

Млекото и маргаринот се ставаат во сад на оган да се стопи маргаринот. Се трга на страна и се остава да олади. Ресаните се сецкаат на четвртинки, му де додава изладената смеса од маргарин и млеко, сецканите ореви и цврсто избиениот шлаг крем од чоколадо. Убаво се меша да се изедначи смесата и се обликува по желба..
Чоколадото се топи на пареа со малку млеко и маргарин, се премачкува тортата и се остава во фрижидер да се стегни.

03 December, 2013

ОВОШЕН КОЛАЧ СО ПЕЧЕНИ ЈАБОЛКА



Бисквит:

-10-12 јаболка
-5 јајца
-5 лажици шеќер
-5 лажици брашно
-100 гр. суво грозје
-100 гр. мелени ореви
-цимет
-кристал шеќер за посипување на плехот

Плехот  од шпоретот убаво се посипува со кристал шеќер. Јаболката се лупат , се чистат од семките, се сечат на половина и се редат во плехот со сечената половина надолу.  Одозгора малку се наросуваат со цимет .Се печат во загреана рерна додека поцрвенат. Јајцата се миксаат со шеќерот додека се добие густа смеса и се додаваат брашното , оревите и сувото грозје. Смесата се прелива врз печените јаболка и повторно се враќа во рерната  и се допекува бисквитот. Кога бисквитот добие убава румена боја се вади од рерна и се остава да излади. Ладен полека се превртува во друг плех да дојдат јаболката одозгора.

Крем :

-1 л. млеко
-3 кесички прашок за пудинг од ванила
-10 лажици шеќер
-125 гр. маргарин
-180 гр. мелени плазма бисквити
-500 мл. слатка павлака

Пудингот се вари со шеќерот и млекото и кога ќе олади се соединува со маргаринот и мелените бисквити. Се нанесува врз печените јаболка. Настрана се бие слатката павлака и се нанесува врз пудингот. Се украсува по желба