За бисквит:
-2 x 10 белки
-2 x 15 лажици шеќер
-2 x 10 лажици сецкани ореви
-2 x 5 лажици брашно
-2 x 1/2 пакетче прашак за пециво
Се миксаат десет белки со петнаесет лажици шеќер во цврст снег. Потоа полека се додаваат пет лажици брашно помешано со половина пакетче прашак за пециво и полека се меша за да не спаднат белките. На крајот се додаваат сецканите ореви. Смесата се истура врз плех од шпоретот обложен со хартија и се печи околу 20 мин. на Т од 180 степени. Се печат два вакви бисквити и кога ќе оладат на двата му се одсекува по 1/3 .
За крем:
-1 л. млеко
-20 жолчки
-10 лажици шеќер
-10 лажици брашно
-250 гр. шеќер во прав
-екстрат од ванила
-250 гр. маргарин
-150 гр. мелени ореви
-малку млеко за да се попарат оревите
-300 гр. чоколадо за готвење
-3 кесички прашак за шлаг
-200 мл.млеко за шлагот
Десет жолчки се мешаат со десет лажици шеќер и десет лажици брашно и се вари крем со еден литар млеко. Се остава да олади. Се матат на пареа дест жолчки со 250 гр. шеќер во прав и една лажица екстрат од ванила. Кога ќе оладат се соединуваат со маргаринот , а потоа и со кремот што предходно го сваривме и изладивме. Убаво се соединува. 1/3 од кремот се издвојува и му се додаваат 150 гр.мелени ореви попарени со малку млеко( да биди кашесто).
Во преостанатите 2/3 се додава 300 гр. стопено чоколадо. Се матат три кесички шлаг со 200 мл.млеко додека не се добие цврст шлаг.
Врз соодветна подлога се спојуваат двете ленти од бисквитот што предходно ги одсековме и ги премачкуваме со црниот крем , па со шлаг, врз тоа се става повторно бисквит се премачкува со кремот од ореви, па со шлаг. На крај се става последниот бисквит се премачкува со црниот крем и целата торта се премачкува со шлаг . Се украсува по желба.
No comments:
Post a Comment