Тесто:
-4 јајца
-400 гр. шеќер
-6 лажици мед
-200 гр. мелени ореви
-500 гр.брашно
-2 лажички сода бикарбона
-зачини за медењаци (цимет , морско оревче , каранфилче)
Јајцата се бијат со шеќерот , му се додава медот, оревите , брашното , содата , зачините и се замесува тесто.
Се прави кора со дебелина од половина сантиметар и се сечат кругчиња со ракиена чаша. Се редат во плех обложен со хартија на поголемо растојание и се печат на Т од 180 степени додека поруменат.
Фил:
-2 кесички прашак за пудинг од ванила
-500 мл.млеко
-200 гр. маргарин
-200 гр. шеќер во прав
-2 кесички ванилин шеќер
Се варат пудинзите од ванила со млекото без додавање на шеќер. Настрана се мати маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Смесата се соединува со изладениот пудинг и се филоваат медењаците. Филованите медењаци потребно е да одстојат најмалку еден ден да омекнат.
No comments:
Post a Comment