Египетска торта |
Кори:
-7 белки
-7 лажици шеќер
-3 лажици брашно
-100 гр. мелени ореви
-1/2 пакетче прашак за пециво
Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег. Се додаваат брашното промешано со прашакот за пециво и мелените ореви и полека се меша. Се печи во правоаголна тава бр. 40 обложена со хартија за печење на Т 180 степени околу 15 мин. На ист начин се печат две вакви кори и се сечат надолжно да се добијат четири ленти.
Фил I :
-14 жолчки
-20 лажици шеќер
-16 лажици брашно
-3 кесички ванилин шеќер
-1 л. млеко
-200 гр. маргарин
Жолчките пенесто се миксаат со шеќерот и ванилата и наизменично се додаваат брашното и 400 мл. млеко и убаво се соединува. Останатото млеко се става во сад на оган , се додава смесата од жолчки и се вари како крем. Се трга настрана , се покрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Ладен кремот се соединува со 200 гр. маргарин.
Фил II :
-150 гр. шлаг во прав
-450 мл. изладено млеко (по потреба )
-200 гр. мелени ореви
-грилијаж
Шлагот во прав се мати со млекото (подобро е да биди погуст) и се додаваат мелените ореви и грилијаж.
Грилијаж:
-200 гр. шеќер
Шеќерот се топи на оган и штом ќе добие светло-кафеава боја се истура во плех обложен со хартија и се остава да се стврдни. Потоа се толчи или мели во машина за мелење ореви.
Се филова кора -I фил- II фил и така сите кори. За премачкување на тортата можи да се остави од I фил или да се премачка со шлаг крем од ванила.
No comments:
Post a Comment