26 February, 2014

ПЕЧЕНИ ПИРОШКИ





Потребно :                                                                                                                                
-1 кг. брашно
-1 коцка пресен квасец
-малку шеќер
-250 мл. млеко
-2 јајца
-250 гр.маргарин
-2 лажички сол
-3 -4 компири средна големина
-200 гр. сецкана шунка
-200 гр. сецкан кашкавал
-200 гр. кечап
-оригано
-сусам
-1 јајце за премачкување

Подготовка:

Компирите се варат, се лупат и се пасираат.  Квасецот се зафаќа со малку шеќер, млеко и три лажици брашно и се остава да надојди. Од брашното во садот за месење се ставаат 800 гр. а остатокот се трга на срана ако затреба. Се додаваат јацата , маргаринот, солта, надојдениот квасец, млекото и пирето од компирите. Се замесува тесто и се остава во фрижидер да одстои неколку часа. Во меѓувреме се сецкаат шунката и кашкавалот и се мешаат со кечапот и ориганото. Тестото се вади од фрижидер, повторно се премесува и се развлекува во кора со дебелина од 5 мм. Со чаша се сечат форми, се става од филот , се поклопуваат и се затвораат со вилушка. Се премачкуваат со јајце, се става сусам и се печат на Т од 200 степени додека  не поруменат.

24 February, 2014

МЕДЕНИ СРЦА



Поребно:

-600 гр. брашно
-3 јајца
-150 гр. шеќер
-150 гр. мед
-40 гр. маргарин
-1 кесичка прашак за пециво
-зачини (канела, морско оревче, каранфилче)
-рендана кора од портокал
-300 гр. чоколадо за готвење
-масло за јадење

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот полека со жица па се додава брашното, медот и маргаринот кој предходно го стопивме и оладивме. Се ренда кората од портокал, се додаваат зачините и се соединува. Се добива лепливо тесто кое се покрива со проѕирна фолија и се остава да одстои еден ден на собна температура. Одкако ќе одстои тестото се стврднува и лесно се развлекува во кора и се вадат саканите форми. Се печат на 200 степени околу 7-8 мин.
Откако ќе оладат се чоколадираат со глазура од 300 гр. чоколадо стопено со неколку лажици масло. 

18 February, 2014

КАПУЧИНО - ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ





 




Состојки:

-360 гр. брашно
-3 лажички прашак за  пециво
-400 гр. шеќер
-3 кесички капучино
-1 кесичка ванилин шеќер
-130 мл. млеко
-240 гр. маргарин
-4 јајца
-100 гр. рендано чоколадо

Состојки за кафеав дел:

-4 лажици какао
-3 лажици млеко
-50 гр. стопено чоколадо

Подготовка:

Во сад се ставаат состојките по ред како што се наведени. Маргаринот треба да е мек и се мати со миксер околу 5 мин. додека се изедначи смесата. Од добиената смеса настрана се одделуваат осум полни лажици. Настрана се топи чоколадото со какаото и млекото и се меша со смесата што предходно ја одделивме. Калапот за куглов или правоаголно долго плехче ( по желба) се премачкува со маргарин и се посипува со брашно. Најпрво се истура светлата смеса и преку неа се распоредува темната смеса и со лажица убаво се намакува да навлези во светлиот дел. Се печи околу 1 час на Т од 180 степени.



 Оргиналниот рецепт ќе го најдете на следнот линк:
http://www.maminajela.com/2012/06/kapucino-cokoladni-socni-kolac.html

17 February, 2014

ШВАРЦВАЛД КОЦКИ



Потребно:

-2 шоли јогурт
-1 1/2 шоли шеќер
-2 шоли брашно
-2 лажици какао
-1/2 шола масло
-2 лажички сода бикарбона
-350 гр. вишни
-1/2 шола сок од вишни
-700 мл. слатка павлака со 33% млечна маст
-200 гр. бело чоколадо
-100 гр. чоколадо за готвење

Подготовка:

Посебно се мешаат шеќерот јогуртот и маслото , а посебно брашното какаото и содата и убаво се соединуваат. Смесата се истура во правоаголна тава бр. 40 и се печи на Т од 180 степени околу 20 мин. Во меѓувреме слатката павлака се загрева , се додава белото чоколадо и се стопи со постојано мешање ( не смее смесата да проврие). Се остава да се излади по можност неколку часа во фрижидер. Потоа се микса со најголема брзина додека се добие цврст шлаг.
Изладеното тесто се полива со сокот од вишни и се распоредуваат вишните, а врз нив се нанесува изматениот шлаг. Се украсува со рендано чоколадо.