Крем коцки |
Бисквит:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-6 лажици ореви
-2 лажици какао
-2 лажици брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-250 мл. сок од портокал
Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег и постепено се додаваат жолчките една по една. Брашното, какаото и прашакот за пециво се мешаат , се просејуваат и полека се додаваат во смесата. На крајот се додаваат дробените ореви. Смесата се истура во плехче со димензии 25x35 и се печи на Т од 180 степени околу 20 мин. Откако ќе олади се потурва со 250 мл. сок од портокал.
Крем I :
-300 гр. мелени плазма кекси
-250 мл.сок од портокал
-100 гр. чоколадо за готвење
-125 гр.маргарин
-50 гр. шеќер во прав
Плазма кексите се преливаат со сок од портокал и се оставаат малку да ја впијат течноста. Маргаринот се микса со шеќерот во прав , се додаваат кексите, стопеното чоколадо и се микса додека се соедини смесата. Треба да се добие смеса што лесно ќе се мачка затоа слободно може да се дотури сок од портокал ако има потреба.
Крем II :
-250 гр. мелени ореви
-2 лажици шеќер
-100 мл. млеко
-125 гр. маргарин
-50 гр. шеќер во прав
Оревите најпрво се подпекуваа, се мелат и се попарваат со 100 мл. млеко засладено со две лажици шеќер. Кога ќе излади се соединува со маргаринот предходно изматен со шеќер во прав.
Крем III :
-750 мл. млеко
-3 кесички прашак за пудинг од ванила
-10 лажици шеќер
-200 гр. маргарин
Млекото се вари со шеќерот и прашакот за пудинг, се покрива со проѕирна фолија и кога ќе олади се соединува со маргаринот.
Крем IV :
-3 кесички шлаг пена
-млеко според упатството на кесичките
Кремите се премачкуваат над бисквитот по редоследот како се наведени. Колачот се остава неколку часа во фрижидер да се излади и на крај се премачкува со шлаг пена.
No comments:
Post a Comment