26 March, 2014

ДУНАВСКИ БРАНОВИ


Бисквит:

-220 гр. шеќер
-300 гр. маргарин (собна температура)
-6 јајца
-220 гр. брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-2 1/2 лажици какао
-3 лажици млеко
-1 тегла компот од вишни
-10 лажици сок од вишни

Брашното и пецивото се просејуваат. Шеќерот и маргаринот пенесто се миксаат. Се додаваат јајцата едно по едно и после секое додавање се микса  околу една минута. На крајот се додаваат брашното и пецивото и убаво се соединува. Смесата се дели на два дела. Едниот дел се турва во плех (39х27 см.) птедходно премачкан со масло и посипен со брашно и се рамни. Во другиот дел се додаваат  млекото и какаото , со мала лажица  како парченца се нанесуваат врз белата смеса и полека се прекрива  целосно. Исцедените вишни се редат со оддалеченост од 1 см. во вид на редови. Се печи на  Т од 180 степени околу 30 мин. Се остава да излади и се прелива со сокот од вишните и тоа на делот каде што се вишните.

Крем:

-2 кесички пудинг од ванила
-2 лажици густин
-80 гр. шеќер
-1 л. млеко
-250 гр. маргарин

Млекото и шеќерот се варат со пудинзите и густинот, се прекрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Потоа се соединува со маргаринот. Колачот се премачкува со кремот и се остава неколку часа во фрижидер да се излади.

Глазура:

-150 гр. чоколадо за готвење
-50 мл. слатка павлака
-60 гр. шеќер
-25 гр. какао
-70 мл. вода

Состојките се топат на оган додека се соединат, се остава малку да излади и се прелива преку колачот.

No comments:

Post a Comment