I тесто:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-150 гр. сецкани ореви
-4 лажици пченичен гриз
-3 лажици какао
II тесто:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-5 лажици пченичен гриз
-1 лажица брашно
-кора од портокал
Прелив:
-300 гр. шеќер
-1 л. вода
-сок од еден лимон
Глазура:
-150 гр. чоколадо за готвење
-80 гр. маргарин
-2 лажици масло
-2 лажици кисела павлака
Подготовка:
Јајцата се миксаат со шеќерот и кога ќе се добие потребната густина се додаваат останатите состојки и се мешаат полека со дрвена лажица. Смесата се истура во предходно намастен плех од шпоретот и се печи на Т 200 степени околу 15 мин. Во меѓувреме се матат состојките за второто тесто, се вади колачот од шпоретот се прелива со втората смеса и се допекува целосно. Додека е сеуште топло се прелива со топлиот шербет и се остава да олади. На крај се става чоколадна глазура и се украсува со стопено бело чоколaдо.
Оргиналниот рецепт ќе го најдете на линкот:
http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/bosanska-poslastica-234
No comments:
Post a Comment