19 December, 2013

ЧОКОЛАДНИ КАФЕ ШНИТИ




Бисквит:

-4 јајца
-200 гр. шеќер
-1 кесичка ванилин шеќер
-100 гр. брашно
-1 кесичка прашак за пециво
-10 гр. какао
-1 лажичка инстант кафе во прав
-100 мл. варено кафе


Јајцата се миксаат со шеќерот и ванилата додека не се добие густа смеса. Брашното , пецивото, какаото и инстант кафето се мешаат , се додаваат во смесата со јајца и се меша со дрвена лажица. Се печи во тава бр.40 предходно намачкана со масло на Т од 200 степени околу 15 мин. Се остава да олади и се попрскува со 100 мл. варено кафе.


Крем I:


-200 гр. чоколадо за готвење
-200 гр. Petit кекс
-100 мл. варено кафе
-20 мл. варено кафе
  Чоколадото се топи на пареа и му се додаваат дробените кекси и 100 мл. варено кафе, се мешаат и одма се нанесуваат врз печениот бисквит. Најдобро се нанесува со мала лажичка и голема која ја намакуваме во останатите 20 мл. кафе.


  Крем II:

 
-150 гр. чоколадо за готвење
-800 мл.слатка павлака
-80 гр. шеќер


Слатката павлака се мати со шеќерот и се дели на два дела. Во едниот дел се додава стопеното чоколадо и се нанесува врз слојот од бисквити. Над него се става белиот дел и се украсува по желба.




Оргиналниот рецепт ќе го најдете на линкот:

http://www.ljiljananieder.com/recepti-detalji/slatko/cokoladne-kava-snite-12















No comments:

Post a Comment