20 August, 2014

ОВОШЕН КОЛАЧ СО БОРОВИНКИ

Овошен колач со боровинки
Бисквит:

-3 јајца
-300 гр.шеќер
-200 гр. брашно
-200 мл. масло
-400 мл. млеко
-1 кесичка прашак за пециво
-1 кесичка ванила

Јајцата се миксаат со шеќерот и постепено се додаваат и останатите состојки. Се печи во правоаголна тава бр.40 премачкана со масло на Т од 180 степени. Смесата е потечна и му треба подолго време да се печи. Се проверува со чепкалка и штом  чепкалката излегува сува бисквитот е готов.

Прелив од боровинки:

-300 гр. боровинки
-10 лажици шеќер
-1 кесичка ванила

Боровинките се варат со шеќерот и ванилата додека се добие густ сируп. Се остава да се излади и се прелива врз изладениот бисквит.

Светол крем:

-3 кесички прашак за пудинг од шумско овошје
-12 лажици шеќер
-1 л.млеко
-125 гр. маргарин

Прашакот за пудинг се вари со млекото и шеќерот според упатството на кесичката, се покрива со проѕирна фолија и се остава да олади. Кога ќе олади му се додава 125 гр.маргарин убаво се микса и се премачкува врз преливот од боровинки.

Чоколаден крем:

-200 гр. чоколадо за готвење
-200 мл.слатка павлака

Чоколадото и павлаката се згреваат на оган и се меша  додека се стопи чоколадото , но не смее смесата  да зоврие. Кога ќе излади смесата се става неколку часа во фрижидер и потоа се мати со најголема брзина со миксер додека се добие густ крем.
Чоколадниот крем се нанесува врз кремот од пудинг и колачот се остава во фрижидер добро да се излади. Се сечат коцки и се украсуваат со шлаг и боровинки.