22 May, 2014

КРЕМ КОЦКИ СО ЈАГОДИ



Бисквит:

-6 жолчки
-6 лажици шеќер
-6 лажици млеко
-6 ажици масло
-6 лажици брашно
-3 лажици какао
-1 пакетче прашак за пециво

Жолчките се миксаат со шеќерот и се додаваат млекото , маслото и на крајот брашното помешано со прашак за пециво и какаото. Се истура во намастена правоаголна тава бр. 40 и се печи во загреана рерна на Т од 180 степени околу 20 мин. Се вади од рерна и се остава да олади.

Крем:

-750 мл.млеко
-250 гр. шеќер
-3 кесички прашак за пудинг од јагода
-6 белки
-9 лажици шеќер
-1 кесичка ванила
-600 гр.јагоди
-3 кесички шлаг пена

Млекото се вари со шеќерот и пудинзите од јагода. Белките се миксаат со шеќерот во цврст снег , се додаваат во жешкиот пудинг и се мати додека се соедини смесата. Се остава да олади и се додаваат 600 гр. сецкани јагоди. Кремот се се нанесува врз изладениот кекс , а одгоре се   премачкува со шлаг пена подготвена според упатството на кесичката.


15 May, 2014

КОКОС КОЦКИ


Кокос коцки


Тесто:

-4 јајца
-300 гр. шеќер
-1 шола млеко
-1 шола масло
-2 шоли брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-3 лажици какао

Се миксаат јајцата и шеќерот, а потоа матејќи со помала брзина се додаваат останатите состојки.  Половината од тестото се истура во правоаголна тава бр. 40 намачкана со масло и наросена со брашно. Се печи во загреана рерна на Т од 150 степени околу 20 мин. Потоа над печеното тесто се става филот , а над филот се истура втората половина  од кафеавото тесто и се допекува целосно уште 20 мин. на Т 150 степени.

Фил:

-1 л. млеко
-2 шоли шеќер
-10 лажици пченичен гриз
-200 гр. кокосово брашно

Додека се печи првиот дел од тестото се подготвува филот. Млекото се става да зоврие со шеќерот , се додава гризот и кокосовото брашно и се вари неколку минути додека згусни со постојано мешање. Се остава малку да олади и се нанесува врз печеното тесто.

Глазура:

-200 гр. чоколадо за готвење
-4 лажици масло
-малку кокосово брашно

Глазурата се нанесува врз оладениот колач и се посипува со кокосово брашно.