Кокос коцки |
Тесто:
-4 јајца
-300 гр. шеќер
-1 шола млеко
-1 шола масло
-2 шоли брашно
-1 пакетче прашак за пециво
-3 лажици какао
Се миксаат јајцата и шеќерот, а потоа матејќи со помала брзина се додаваат останатите состојки. Половината од тестото се истура во правоаголна тава бр. 40 намачкана со масло и наросена со брашно. Се печи во загреана рерна на Т од 150 степени околу 20 мин. Потоа над печеното тесто се става филот , а над филот се истура втората половина од кафеавото тесто и се допекува целосно уште 20 мин. на Т 150 степени.
Фил:
-1 л. млеко
-2 шоли шеќер
-10 лажици пченичен гриз
-200 гр. кокосово брашно
Додека се печи првиот дел од тестото се подготвува филот. Млекото се става да зоврие со шеќерот , се додава гризот и кокосовото брашно и се вари неколку минути додека згусни со постојано мешање. Се остава малку да олади и се нанесува врз печеното тесто.
Глазура:
-200 гр. чоколадо за готвење
-4 лажици масло
-малку кокосово брашно
Глазурата се нанесува врз оладениот колач и се посипува со кокосово брашно.
No comments:
Post a Comment