Бисквит:
-5 јајца
-5 лажици шеќер
-5 лажици брашно
-100 гр. суво грозје
-100 гр. мелени ореви
-цимет
-кристал шеќер за посипување на плехот
Плехот од шпоретот убаво се посипува со кристал шеќер. Јаболката се лупат , се чистат од семките, се сечат на половина и се редат во плехот со сечената половина надолу. Одозгора малку се наросуваат со цимет .Се печат во загреана рерна додека поцрвенат. Јајцата се миксаат со шеќерот додека се добие густа смеса и се додаваат брашното , оревите и сувото грозје. Смесата се прелива врз печените јаболка и повторно се враќа во рерната и се допекува бисквитот. Кога бисквитот добие убава румена боја се вади од рерна и се остава да излади. Ладен полека се превртува во друг плех да дојдат јаболката одозгора.
Крем :
-1 л. млеко
-3 кесички прашок за пудинг од ванила
-10 лажици шеќер
-125 гр. маргарин
-180 гр. мелени плазма бисквити
-500 мл. слатка павлака
Пудингот се вари со шеќерот и млекото и кога ќе олади се соединува со маргаринот и мелените бисквити. Се нанесува врз печените јаболка. Настрана се бие слатката павлака и се нанесува врз пудингот. Се украсува по желба
No comments:
Post a Comment