24 October, 2013

КОЛАЧ СО ЈОГУРТ


Колач со јогурт


За тесто:


-500 мл.јогурт
-2 шоли (од 200мл.) шеќер
-2 шоли (од 200мл.)брашно
-1/2 шоли (од 200мл.масло
-3 лажици какао
-1 полна лажица сода бикарбона
-1 пакетче ванилин шеќер
Најпрво се миксаат јогуртот и шеќерот а потоа се додаваат и останатите состојки.
Смесата се печи во намастена правоаголна тава бр.40 на Т од 180 степени околу 20 мин.


За фил:

-750 мл. млеко
-2 кесички прашак за пудинг од малина или шумско  овошје
-10 лажици шеќер
-150 гр.чоколадо за готвење
-250 гр.маргарин
-2 кесички шлаг пена
Пудинзите се варат со шеќерот и млекото и додека е топло се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да олади и се соединува со маргаринот.  Филот се нанесува врз печеното тесто , се премачкува со шлаг пена и одозгора се украсува со рендано чоколадо.

No comments:

Post a Comment