26 October, 2013

ЈАФА КОЛАЧ

                                                                               
Состојки

-180 гр. маргарин
-100 гр. шеќер
-150 гр. брашно
-1/2 пакетче прашак за пециво
-200 гр. мелени ореви
-2 смрзнати портокали ситно рендани
-6 белки

I слој

-6 жолчки
-200 гр.шеќер во прав

II слој

-150 гр. мелени плазма бисквити
-7 лажици сок од портокал
-150 гр. маргарин
-100 гр. шеќер во прав
-50 гр. бело чоколадо
-50 гр. сецкани ореви

Подготовка

Се миксаат маргаринот и шеќерот, се додаваат ренданите портокали, мелените ореви, брашното, пецивото и предходно изматениот снег од белките.
Се печи во плех  20x30 см. околу 20 мин. на Т од 200 степени.
Жолчките се миксаат со шеќерот во прав и кога кората е печена се премачкува со оваа смеса, се враќа во рерната и се суши на 150 степени додека фати кора.
Мелената плазма се прелива со сокот од портокал. Маргаринот се мати со шекерот во прав, се додава мелената плазма и стопеното бело чоколадо. Изладениот колач се премачкува со смесата и се посипува со сецкани ореви.



No comments:

Post a Comment